Прекината седница на Собранието на Србија поради мирис на изгорено

Седницата на Собранието на Србија е прекината вечерва откако пратениците почуствувале мирис на изгорено.

Продолжението е закажано за утре.

На Седницата на дневен ред била расправа за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски комуникации.

Припадници на Секторот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи, веднаш по јавувањето дека се чуствува мирис на запалено во салата на Народното собрание, го прегледале просторот и вентилациските канали и сите уреди и не пронашле траги од пожар.

Се претпоставува дека непријатниот мирис дошол од надвор низ отворите за вентилација.