Прекопуца од ДИК бил уценуван од главниот уредник на Лајм?

 

Претставник на Државна изборна комисија , 45 минути по полноќ, во битолската полиција,  пријавил кривично дело „уцена“.

Како што соопшти МВР, вчера попладне со уште две други лица членот на ДИК патувал кон Битола заради надзор за печатење избирачки материјал. На неговиот службен мобилен телефон, наводно  му се јавило лице кое му се претставило дека е  од дневен весник на албански јазик, а во разговорот се вклучил и главниот уредник .

Тој, според пријавата во МВР, го прашал зошто ја одбил понудата за печатење на кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори во весникот. На тоа претставникот на ДИК одговорил дека имал подобра понуда од друг дневен весник.

Според пријавата лицата кои му се заканувале на членот на ДИК го навредувале и му рекле дека ќе објават компромитирачки материјали за него, а наводно барале и 20000 евра да им бидат вратени.

Според неофицијалните информации од извори во ДИК за Плусинфо, , станува збор за уредник во весникот „Лајм“, а уценуван бил заменик претседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, затоа што кандидатските листи за пратеници ДИК не ги објавила и во овој весник.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.