Во етер е пуштен спотот на Мартина, млада и перспективна македонска пејачка, која со песната ,,Мое мило“ настапи на Макфест.

Прекрасната 20 годишна Мартина Митревска, со музика се занима од својата 13 годишна возраст, кога го имала првиот настап   на училишниот патронат со Bleeding love – Leona Lewis.

Гласот го школувала  4 години во музичкото училиште,, Ентерпрајс“ на Валентино Скендеровски,кај професор Андријана Јаневска, а последниве 3 години работи со проф. Александра Коцевска.

,,Моите почетоци беа на ,,Сите наши песни”, а потоа следеше ,,Кастинг талент шоу“ каде настапив со изведбата на ,,Кабаре“ во финалето и тоа е еден од моите поомилени настапи. Оваа година по втор пат настапив на Макфест и многу ме радува што испеав ваква прекрасна среќна љубовна приказна – ,,Мое мило”. Музиката и текстот се на легендарниот Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Кристијан Габроски. Пред неколку дена, во етер излезе спотот (инаку мој прв спот), а на него работевме заедно со момците од Pyramid Production (Пирамид Продукција). Презадоволна сум што сѐ излезе и повеќе од тоа што очекував, а Pyramid Production се покажаа како кул и прекрасни луѓе и професионални соработници, исто како Самарџиев и Габроски, а и останатиот дел од тимот што стои позади овој проект. Сето ова е зачинето и поддржано целокупно со преубава енергија од нивна страна“- вели Мартина.

Таа најавува нови песни и спотови со Pyramid Production.

Мартина Митревска е  трета година на Факултетот за музичка уметност, на теориски смер со потсмер сонологија со мултимедија.

Мартина ни испрати ексклузивни фотографии од снимањето на спотот: