Премиерот Зоран Заев од Благоевград, Бугарија, на заедничко чествување на 115 – годишнината од Илинденското востание со бугарскиот премиер Борисов, порача:

,,Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евро-атлантската иднина на нашите држави, на нашите народи и на целиот регион“.

Премиерите Заев и Борисов одржаа билатерална средба пред почетокот на свеченоста, придружувани од министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов. Денешната средба се поклопува со првата годишнина од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија во Скопје на Илинден, 2 Август минатата година.

На средбата двајцата премиери ги потврдија заложбите за градење на заедничка иднина за граѓаните на двете земји, надминување на разликите, зајакнување на економскита соработка како процеси кои ќе донесат стабилност и просперитет за целиот регион.