Премиерката на Нов Зеланд нема никогаш да го изговори името на масовниот убиец

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, се заколна дека никогаш нема да го изговори името на масовниот убиец, кој во напад на две џамии уби 50 муслимански верници.

Таа пред новозеландските парламентарци рече дека напаѓачот сакал со овој терористички чин да стане светски познат.

,,Затоа никогаш нема да ме чуете да го изговорам неговото име“-рече Ардерн.

Таа вонредната седница на парламентот ја отвори со поздравот на арапски ,,селам алејкум“.

Премиерката цело време го нарекува напаѓачот ,,терорист, криминалец и екстремист“. Најави дека тој ќе биде суден според најстроги закони.