Премиерлигата важи за една од најбогатите во светот, сумите кои клубовите од Англија ги трошат во преодниот рок, летен и зимски, секогаш биле вртоглави, сепак трансфер периодот во јануари 2019 покажува надолна линија , многу „тивки“ беа клубовите од „најсилната“ лига на светот.

Зимскиот преоден рок во 2019 година покажа дека клубовите од Премиерлигата потрошиле вкупно 180 милиони фунти, тоа е повеќе од двојно помалку споредено со сумата за трансфери во јануари 2018, тогаш најдобрите клубови од Англија потрошија 430 милиони фунти.

Интресен е и податокот, дека на последниот ден во јануарскиот преоден рок има уште поголем пад ако се споредат 2019 и 2018 година. Минатата година, сите клубови од Англија на затворањето на фудбалската берза, во последниот ден потрошиле 180 милиони фунти, вчера кога се затвори берзата за јануари – 2019 , сумата изнесуваше повеќе од три пати помалку, односно само 50 милиони фунти.

сино( летен преоден рок ); зелено( зимски преоден рок); црвено( вкупно )

Тотенхем е единствениот клуб во Премиерлигата кој не доведе ниту едно засилување за сезоната 2018/19, не потпиша со нов играч во летниот и зимскиот преоден рок. Зошто паѓа „најбогатата“ фудбалска лига во светот ?

  • Шесте најголеми клубови во Англија трошат се помалку пари.
  • Средства од ТВ правата – новиот договор за периодот од 2019 – 2022 година е само симболично поголем од претходниот циклус со што се намалија и финансиите за трошење на трансфер берзата.
  • Еден од факторите се „пропаднатите“ трансфери, Перишиќ од Интер не дојде во Англија како и уште неколку други планирани зделки и тоа ја намали вкупната сума.

Останува впечатокот дека Премиерлигашите и натаму трошат најмногу во ТОП 5, но статистиката потврдува дека споредено со минатите години има надолна линија на влијание на фудбалската берза од страна на моќните клубови во Англија.