Премиерот да го осуди нападот и врз полицајците, бараат едни, други порачуваат претепување до инвалиди

,,Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда.

Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста. За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.

Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна“-реагира денеска премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

По објавувањето на снимката реагираа и некои невладини здруженија. Медиумите ја објавија верзијата на Ромите кои беа предмет на напад од страна на неколку полициски службеници во Битола.

Другата страна, односно службените полициски лица својот исказ ќе го дадат пред Внатрешната контрола во МВР, па дури тогаш на јавноста ќе ѝ биде достапна и другата страна од настанот.

Но, полицијците се веќе јавно осудени, суспендирани, а според некои реакции под постот на премиерот и претепани.

Премиерот добив поддршка главно од припадници на ромската заедница.

Вообичаено, администратотот на неговите профили на социјалните мрежи никогаш не реагира на било каков начин на било каков коментар.

Голем број коментари има и со поддршка за полицијата воопшто.

Вчера се случија два немели настана. Едниот во Битола, каде се гледа на видео како полицајци тепаат пијани Роми кои претходно направиле сообраќајка, како што самите изјавија.

И другиот е со напад врз службени лица во село Степанци каде поголема група дрвокрадци со палки и тврди предмети нападнаа 5 полицајци, од кои двајца тешко повредија.

Е.Л.