Македонска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на дијаспората во Велика Британија. Премиерот Заев ги запозна присутните иселеници со работата и резултатите на Владата во надворешната политика и очекувањата Македонија да во блиска иднина да стане дел од европското семејство. На внатрешен план премиерот Заев рече дека приоритет на оваа влада се економските реформи.

Претставници на Форумот за демократска Македонија разменија мислења и искуства со премиерот Зоран Заев и претставниците на владината делегација.

Инаку, македонската делегација во Лондон на 26 февруари учествува еднодневниот Самит на ЕБРД за Западен Балкан на кој учествуваат шест премиери од регионот. На самитот ќе се промовираат проекти од областа на транспортот и енергијата. Клучен елемент е создавање на единствен простор за инвестиции кој подразбира и усогласување на законодавството, отстранување на нетарифните пречки, зајакнување на економската клима во регионот и олеснувања за странските инвестиции.

Во текот на денот се очекува премиерот Зоран Заев да се сретне со британската премиерка Тереза Меј и лидерот на Лабористичката партија Џереми Корбин.