Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во седиштето на НАТО во Брисел приреди вечера за македонската делегација.

Иако веќе му го честиташе роденденот на македонскиот премиер на прес конференција, вечерва Заев доби и чоколадна торта, а дуваше и свеќичка.

Премиерот Зоран Заев денеска наполни 46 години.

Тој со министрите Шекеринска и Османи се наоѓа во официјална посета на НАТО во Брисел.