И оваа година лозарите од Тиквешијата најавија дека ќе протестираат незадоволни од откупната цена на грозјето.

Премиерот Зоран Заев, веднаш отиде во Кавадарци да ги слушне нивните проблеми, а заедно со градоначакниците на Квадарци и на Неготино, Митко Јанчев и Тони Делков, одржаа средба на која ги уверија дека ќе се најде соодветно решение.

На средбата присуствуваше и вицепремиерот Кочо Анѓушев, а со лозарите беше и пратеникот Панчо Минов.

,,Дојдов во Кавадарци на средба со лозарите, да разговараме за реалните состојби.

Лозарите најдобро ги знаат предизвиците и производството. Вечерва слушам изворно од нив. Потоа, ќе креираме решенија врз основа на аргумените и на интересите на граѓаните. Ќе ја информираме јавноста за следните чекори“-напиша синоќа на својот ФБ профил,Премиерот Заев.