,,Огромно задоволство е Преспа да ја запознаеме на ваков начин, преку дружење, музика, храна, преку запознавање на природните убавини и традицијата.

Им честитам на градоначалникот на Ресен и на граѓаните од регионот кои овие два дена го организираат настанот „Запознај ја Преспа“, вчера во Отешево, денеска тука на плажата во Дупени.

Утре се навршува една година од Договорот од Преспа, а ова што денес се случува тука, ова поврзување на народите од Северна Македонија, Грција и Албанија само покажува какви придобивки носи тој договор.

Преспа е мозаик, Преспа обединува, Преспа е Европа. Ги повикувам сите граѓани да доаѓаат тука, да креираат содржини и да му дадеме живот и инцијатива на овој уникатен регион“-пишува на социјалните мрежи премиерот Зорана Заев и објави повеќе фотографии.

Ѓомлезето е подготвено за гостите

.

Сушено јаболко за традиционален пречек во Преспа
Заев присуствуваше на туристичката промоција ,,Запознај ја Преспа“
Јаболков сок за добредојде
Нека пукне…

Инаку,   во салата во рамки на х. Инекс Горица во Охрид се одржува деветтата седница на Централниот одбор на СДСМ. На седницата се дебатира за суштинските промени во партијата, новот систем на делување и работа на партијата, напредокот на државата, а се очекува и заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство.  Седниците на Централниот одбор на СДСМ се работни.