Премиерот Заев отвори дебата за декриминализација на марихуаната

Премиерот Зоран Заев гостувајќи во емисијата „Економски магазин“ вчера на ТВ Алсат, најави дебата за жешки економски теми во општеството. Тој спомена дека не е лошо да почне да се разговара за приватизација на државното земјоделско земјиште, за декриминализација на марихуаната, на црните пари кои се чуваат надвор од легалните финансиски текови, но и на возилата со странски регистарски таблички.

Го отвори и прашањето на декриминализација на марихуаната и повика на дебата во јавноста.

„Никој не се прашува колку ги користиме домашните ресурси, што се нашите ресурси, дали се максимално искористени“- констатира Заев.

„Владата отвори дебата и со Коморите, отвори и на седница на Влада, разговаравме за ставање на сѐ во погон, треба сѐ да искористиме. Ние сме земја која помина низ транзиција, претпоставката е дека има најмалку милијарда и петстотини евра коишто се надвор од тековите. Ќе ги пуштиме во погон или нема да ги пуштиме? Земјоделското земјиште сѐ уште е државно. Легализиравме земјоделското земјиште да може да го земат оранжериите, да го видиме другото. Ако станат сопственици граѓаните, компаниите, тие ќе можат да повлечат повеќе кредити за својот организационен тим“ – додаде Заев.

Заев кажа дека отвора дебата, покрај државното земјиште и за легализација на парите кои не се во тековите во државата, за што рече дека сака да го слушне општеството како размислува на овие теми, бидејќи како што кажа, сега е време за храбри чекори.

Преземено од : Алсат М и Фронтлајн