Вчера во Скопје се одржа конференција на тема ,,Проширување на ЕУ на крстопат“ во организација на Подгорички клуб, во кој членуваат поранешни премиери и претседателите од регионот, односно поранешните југословенски републики. Домаќин на конференцијата беше поранешниот македонски претседател, Бранко Црвенковски.

Свечана вечера за гостите приреди премиерот Заев.

,,Секогаш е убаво да се видат толку многу пријателски лица на едно место. Синоќа организиравме прием за Подгоричкиот клуб кој е тука на регионалната конференција „Проширување на ЕУ на крстопат“, на кој имавме можност да поразговараме за МК-ЕУ агендата, за реформите, за датумот и за предизвиците пред нас.

Северна Македонија секогаш ќе биде отворена за пријателите од регионот кои помагаат за нејзината интеграција и интеграцијата на регионот во ЕУ“-објави премиерот.