Со видео бим на кој се одбројуваа секундите пред полноќ, од кога и официјално Велика Британија не е членка Европска Унија, земјата влезе во нов, без дилема, бурен историски период.

Премиерот Борис Xонсон, кој е еден од главните ,,виновници“ за Брегзит, од Даунинг Стрит, преку социјалните мрежи им се обрати на граѓаните, но посебно на оние кои жалат за напуштањето на Унијата. А тие не се малку, речиси 50 проценти, па Џонсон им порача дека негова работа и работа на Владата е да го обедини народот и сите заедно да ја направат повторно Велика Британија силна и самостојна.