Премиерот Џонсон сепак на интензивна нега поради влошување на здравствената состојба

Откако во неделата вечер беше пренесен во болница поради влошување на здравјето предизвикано од десетневно присуство на коронавирус, британскиот премиер Борис Џонсон доцна синоќа сепак е однесен на интензивна нега, иако претходно беше демантирано тоа.

Како што соопшти неговата канцеларија, тој ја поминал ноќта на интензивна нега во една централна лондонска болница откако се влошиле неговите симптоми на коронавирус.

Даунинг стрит изјави дека бил преместен во единицата за интензивна нега по совет на неговиот медицински тим и таму добил „одлична нега“.

Џонсон веќе побара од секретарот за надворешни работи, Доминик Рааб, да ја преземе неговата должност и го овласти за депонирање на потписот „онаму каде што е потребно“, додаде портпаролот на ДС.

Премиерот Борис Џонсон(55), беше примен во болницата „Свети Томас“ со „постојани симптоми“ во неделата вечер.

За неговата здравствена состојба е постојано информирана британската Кралица, пишува БИ-БИ-СИ.

Светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, ја изразија својата поддршка за Џонсон и понудија помош.

Политичкиот дописник на Би-Би-Си, Крис Мејсон, изјави дека на премиерот му бил даден кислород доцна во понеделникот попладне, пред да биде однесен на интензивна нега.

Тој беше преместен заради претпазливост и а да може да биде блиску до вентилаторот, го го презема процесот на дишење на телото, јавуваат дописниците на Би-БИ-СИ.