Маурисио Сари а не Пеп Гвардиола ќе седне на клупата на Јувентус по завршувањето на сезоната во калчо лигата каде денеска се игра последното коло.

Според информациите од Италија, Маурисио Сари се договорил со Јувентус да го наследи Алегри на кормилото на гигантот од Италија , Јувентус, кој е старо-нов шампион во „Серија А“.

Информациите од Италија велат дека Сари се договорил за годишна плата од 7 милиони евра, и дека работата е завршена, се чека само официјализирање на договрот меѓу двете страни .