Пресудата за Заев за случајот ,,Поткуп“ ќе биде објавена во понеделник

,,Ова е срам за Јавното обвинителство, она обвинителство во тоа време“-рече премиерот Зоран Заев по денешното рочиште за случајот ,,Поткуп“.

Тој рече дека опстојувањето на обвинителството тој да биде прогласен за виновен, иако е сменета преквалификацијата за делото поткуп, е за да го испере срамот од институцијата која покрена такво срамно обвинение.

Заев неколкупати повторуваше дека е срамно што ,,институциите на мојата земја беа злоупотребени против мене затоа што сакав да ја споделам вистината со јавноста„(затворен цитат)

Премиерот Зоран Заев нема да одговара за кривичното дело примање поткуп. Обвинителката Валентина Бислимовска во завршните зборови на денешното рочиште за ,,Поткуп“ , рече дека од досега изведените докази и врз основа на сведочењето на Иван Николов,  произлегува дека е неспорно дека ниту Николов дал пари, ниту Заев ги примил парите. Затоа Обвинителството за организиран криминал, претставувано од Бислимовска, одлучи кривичното дело примање поткуп да го преквалификува во кривично дело, каде што обвинетиот Заев побарал, а сведокот Николов само ветил дека ќе му даде подарок на Заев. За ова кривично дело е предвидена казна затвор од 1 до 5 години.