Претепани две новинарки на ТВ Пинк од активисти на Двери за време на протест(видео)

За време на протестот на опозициската партија Двери пред зградата на ТВ Пинк во Белград, во тепачка , нападнати се и две новинарки на телевизијата во момент кога земале изјави и поставувале прашања.

Како што известува Н1, заради здобиените повреди, новинарките се однесени во Ургентниот центар.


ТВ Пинк јавува дека новинарките Гордана Узелац  е нападната зад грб и удрена во тилот, а  Мара Драговиќ е нокаутирана!

Движењето Двери, Здрава Србија и синдикатот ,,Слога“, протестираа пред ТВ Пинк заради реалните шоуа, против медиумскиот мрак на оваа телевизија и бараа подобрување на положбата на вработените.

 

Протестот го продолжија пред српската Влада. Таму протестираат против одржувањето на Парадата на гордоста.