Претресот во домот на Величковиќ направен без знаење на МВР и министерот Спасовски

Министерството за внатрешни работи на РМ ја информира јавноста дека акцијата во која е извршен претрес на домот на началникот на СВР Куманово С.В. се одвивала по наредба на судија во претходна постапка и е организирана и спроведена од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на предистражната постапка, без информирање и планирање од страна на Министертвото за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи укажува дека сите вработени во овој државен орган, треба да го задржат нивото на максимално професионално постапување и однесување со цел да се избегнат ситуации кои може да предизвикуваат дополнителни тензии и да наштетат на на угледот на министерството-се вели во соопштението.

Од ова станува јасно дека МВР има двојна контрола. Од една страна се уште официјално таму Оливер Спасовски ја извршува функцијата министер, и од друга страна дел од министерството е под контрола и прима наредби од актуелниот шеф на Биро за јавана безбедност Митко Чавков.

Од ова соопштение станува јасно исто така дека не ОЈО туку ОЈО за гонење на организиран криминал каде се уште е обвинител Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков, кој во меѓувреме е избран за судија во Судот за човекови права во Стразбур го гони началникот Величковиќ за наводен предизборен поткуп со огревно дрво.