Претседателката на Совет на судии Весна Јовановска била пратеник од ВМРО ДПМНЕ

Управниот суд вчерва ќе одлучува за дел од тужбите  на СДСМ која е на дневен ред во   18 часот за избирачкото место 1978 во општина Тетово и во 18,30 часот ќе се разгледува тужбата за одбиениот приговор за избирачкото место 2025 во општина Теарце.

За овие тужби избран е совет од следниве судии: Весна Јовановска, претседател, Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски.

Весна Јовановска е поранешен пратеник од ВМРО ДПМНЕ во пратеничкиот состав од 1988 до 2002 година.

 

ЈОВАНОВСКА ВЕСНА

 

 

Член на ВМРО-ДПМНЕ.

Советник во Советот на општина Битола до 1998 година. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Полска.

Родена 1967 година во Битола, РМ. Македонка. Завршила Правен факултет, со положен правосуден испит. Била стажант во Основниот суд во Битола, а од 1994 година е адвокат. Се служи со англискиот јазик. Живее во Битола

 

Судијата Ѓоко Живковски пак како што пишува порталот Сведок е син на професорката Родна Живковска, а за судија е избран 2012 година.

gjoko-zivkovski

Меѓутоа интересно е дека таа во 2014 година го критикувала за неажурност токму Управниот суд.

Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Родна Живковска, со критика кон Управниот суд. Управниот суд треба да е поажурен и поефикасен, смета таа, додавајќи дека Управниот судот треба мериторно и поажурно да пресудува и да не ги враќа предметите во првостепена постапка, бидејќи со пролонгирањето се попречува донесување и на некои други специјални закони како законот за сопственост, но и основното право на граѓаните на сопственост бидејќи не може да располагаат со стварта.

„Денационализацијата треба да биде завршена и предметите решени, за ние да имаме чисти норми кои ќе се однесуваат за веќе стекнато право на сопственост. Што значи од сите страни ние сега се кочиме и чекаме на Управниот суд, кој треба да биде поажурен, ако може веднаш да го реши предметот за по неколку пати да не се враќаат предметите и на тој начин ќе се реши проблемот со денационализација“, изјавила тогаш Живковска.

 

СДСМ поднесе четири тужби, а ВМРО-ДПМНЕ една. Управниот суд до утре има рок да пресуди по тужбите. Одлуката на Управниот суд е конечна.

АКО.мк актуелно-објективно