Претседателот нема кому да се обрати

Претседателот на државата Ѓорге Иванов своето новогодишно обраќање оваа, 2016 година, ќе го има од претседателскиот кабинет на Водно. Новиот парламентарен состав ќе се конституира утре, 30 декември, но тој решеи да ја задржи традицијата за датумот, но не и за форматот на обраќање.

Последните две политички кризни години во Македонија, Иванов кој ја извршува функцијата Претседател како кандидат на ВМРО ДПМНЕ, главно ги помина во мир и тишина. Останатите години од претседателствувањето , тој никогаш не направи исчекор по кој ќе биде запаметен како Претседател на сите граѓани, отворено ја поддржуваше партијата која го кандидираше и критикуваше опозициската СДСМ. Не може да се најде постапка која ќе биде запаметена како државничка, а не смогна сила, ниту пак имаше авторитет да делува обединувачки во кризните политички моменти.

2016 година ја помина без некои забележителни активности. Тој е во вториот мандат, а според Уставот со оглед дека еден мандат на Претседател на држава трае 5 години, Иванов треба да биде во претседателската палата на Водно до 2019 година!

АКО.мк актуелно-објективно