,,Еден од најрепрезентативните обележја на исламската верска архитектура во светот е Шарената џамија во Тетово. Објектот векови наназад ја чува и ја негува неговата верска, воспитно-образовна и културна функција. Со имамот Баки Касами и со верниците со коишто поразговарав, се согласивме дека уникатноста на џамијата и нејзината специфична фреско декорација, ве оставаат без здив“-објавено е утрината на ФБ профилот на Претседателот Пендаровски.