Претседателот Пендаровски и премиерот Заев му ја честитаа победата на Бајден

,,Честитки за Џо Бајден и Камала Харис за изборната победа! Очекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи, а САД да ја реафирмира својата глобална улога во зачувувањето на заедничките вредности: мирот, безбедноста и демократијата“напиша македонскиот претседател Стево Пендаровски на своите профили на социјалните мрежи по објавување на победата на Бајден.

,,Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла!“-пишува на профилот на Зоран Заев.