Претседателот Пендаровски му даде поддршка на пливачот Евгениј Поп Ацев

,, Целосна поддршка за нашиот пливач Евгениј Поп Ацев кој неодамна по трет пат стана светски шампион во далечинско пливање, откако собра најмногу бодови после шесте маратони во Ултра светската серија под капата на ФИНА.

Евгениј ми обелодени дека засега нема намера да се откаже од пливањето, а за тоа има поддршка и од своето семејство. Му посакав да се закити со уште многу медали и гордо да ја претставува Северна Македонија каде и да се натпреварува“-објави претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.