Претседателот Пендаровски оствари средби со амбасадорите на Кина и на Словенија

,,Ќе ги поддржам сите иницијативи што произлегуваат од соработката меѓу Кина и земјите на Централноисточна Европа. Инфраструктурниот проект „Патот на свилата“, отвора сериозна перспектива за нови инвестиции и развивање на економијата на нашата земја. На амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен ѝ потврдив дека јакнењето на искреното партнерство со Кина останува трајна определба на нашата надворешна политика“-вели претседателот Стево Пендаровски.

,, Напредокот на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО позитивно ќе влијае на стабилноста и просперитетот на целиот регион. Му благодарам на амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбек за честитките и за сета досегашна поддршка во евроатлантските интеграции “-пишува на ФБ страницата на македонскиот Претседател.