Претседателот Пендаровски писмено од Вселенскиот Патријарх побара еднаквост во православниот христијански свет

,,По повод почетокот на Новата црковна година, упатив писмо до
Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, изразувајќи срдечни желби.
Упатив и барање да го уважи нашиот повик и да го употреби своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот“-се вели во писмото на претседателот Пендаровски.