Претседателот Пендаровски потпиша 5 значајни закони за граѓаните

,,Со големо задоволство денеска потпишав укази за пет нови закони, кои мојот претходник одбиваше да ги потпише. Нивното донесување е од витален интерес за граѓаните на Република Северна Македонија“-соопшти Претседатѕелот на РСМ, Стево Пендаровски.

Тоа се следните закони:

✅ Со новиот Закон за прекршоци, граѓаните ќе плаќаат пониски казни, а тој предвидува и опомена пред казна

✅ Со новиот Закон за енергетика се заменуваат фосилни горива со енергија добиена од обновливи извори. Со тоа се создава основа за решавање на едно од најгорливите прашања во нашето општество – заштита на животна средина и здравјето на луѓето.

✅ Со одредбите на Законот за судовите ќе има јасни и прецизни постапки за именување и унапредување на судии, како и за разрешување на судии и нивна дисциплинска одговорност. Со ова се исполнува и едно од клучните барања на Европската унија, значаен чекор за почеток на пристапните преговори.

✅ Со новиот Закон за управните спорови граѓаните добиваат ефикасна правна заштита на своите права во управните спорови. Се зголемува транспарентноста и јавноста на постапките преку задолжителна јавна расправа.

✅ Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, ќе се овозможи унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија.