Претседателот Пендаровски со редовен лет за Брисел

Претседателот Стево Пендаровски од доаѓањето на функцијата настојува да ги смени стереотипите за однесувањето на политичарите.

Тој заедно со членови на својот кабинет, објави фотографија од авионот со кој отпатуваа на првото официјално патување во странство откако е Претседател.

Претседателот Пендаровски со редовен лет кон Брисел

Станува збор за редовен лет Скопје-Брисел.

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе го посети Брисел каде ќе има одделни средби со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

За време на посетата Пендаровски, како што се наведува во соопштението, ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“ и ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција“.