Претседателот Пендаровски со сопругата на ифтарска вечера под покровителство на турската Амбасада во Скопје

,,Иако го прославуваат само муслиманите, светиот месец Рамазан симболизира многу општочовечки вредности. Преку солидарноста кон посиромашните, Рамазан е симболичен коректив на социјалната нееднаквост во општеството.

И покрај нашите различни вери и светогледи, нас нè поврзуваат универзални вредности и принципи ‒ стремежот за правда и мир, еднаквост и достоинство. Нашиот исклучителен придонес како европска држава во која луѓе од различна верска, етничка и јазична припадност соработуваат на градењето заеднички дом, е доказ дека е можна подобра иднина за регионот, Европа и светот.

Мој приоритет како Претседател на Република Северна Македонија е да придонесам за граѓанско помирување. Моја цел е во нашата европска држава да промовирам вредности што зближуваат, а не што разделуваат.
Благодарам за поканата за ифтарската вечер организирана од Меѓународниот Балкански Универзитет, под покровителство на Амбасадата на Република Турција“-објави Претседателот Пендаровски.