Американскиот претседател, Доналд Трамп, издаде наредба да се забранат сите доаѓања на патници од Европа во САД во наредните 30 дена.

Забраната се воведува од петок на полноќ.

,,За да не влезат заразени патници од корона вирус на територија на САД, во наредните 30 денови се забрануваат сите патувања од Европа во САД“-рече во телевизиско обраќање американскиот претседател.

Ограничувањето не се однесува на Велика Британија каде досега се пријавени 460 случаи на заболени од корона вирус.

Белата Куќа потоа прецизираше дека забраната се однесува на граѓаните од Шенген зоната.

Тоа значи дека забраната не важи за Ирска, но и за Бугарија, Романија и Хрватска.

Во САД има 1138 регистрирани случаи на КОВИД 19, а досега починале 38 лица.

cnn.com