Претседателски избори во Франција

Терористичкиот напад врз полицијата во Париз и помогна со рејтингот на кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен. На изборите за Претседател се натпреваруваат 11 кандидати, а најголеми шанси за влез во вториот круг имаат Ле Пен, која загуби малку од рејтингот, но пред убиството на полицајците.

Анкетите покажуваат дека таа во моментов има поддршка на 21 до 22 проценти избирачи и заостанува два процента зад социјал-либералот Емануел Макрон, за кого би гласале 24% избирачи. Фијон има поддршка од 20% од гласачите, а Меланшон на околу 19%. Токму кандидатот на екстремната левица Жан-Лук Меланшон, во моменти кога се одржуваше последната тв дебата на сите 11 кандидати откако дознаа дека на Елисејски полиња во Париз се случил терористички напад рече: „Само без паника, без прекинување на демократските процеси. Наша обврска е да не бидеме вовлечени во полемична кавга.“

Кандидатите за Претседател на Франција во последните денови пред изборите демонстрираа решителност. Додека напаѓачот во Париз пукаше околу себе, единаесетте кандидати одговараа на новинарски прашања во дебатата која се емитуваше во живо и повикаа на борба пред против тероризмот.

Непосредно пред завршувањето на предизборната борба во петокот, кандидатите уште еднаш искористија можност да се профилираат како најдобра опција за највисоката функција во државата. Републиканецот Франсоа Фијон повторно побара преземање поостри мерки против „познатите загрозувачи“ и „радикалните проповедници“. Шефицата на Националниот фронт, Марин Ле Пен, ја повтори својата позната теза дека Франција мора да го напушти Шенгенскиот простор, да ги затвори границите и да забрани „неконтролирана миграција“.

Двајцата кандидати кои ќе освојат најголем број гласови во првиот круг, влегуваат во вториот одлучувачки круг од изборите, кој ќе се одржи на 7 мај.