Претседателство на ДУИ даде виза за Законот за албански јазик и Ахмети да одлучи за потписите

  По повеќе од седум часовна дебата членовите на централното претседателство на ДУИ дале поддршка за верзијата на Закон за употреба на албанскиот јазик, известува ТВ 24. Според оваа телевизија тие  ги овластиле преговарачите да ги допрецизираат  незавршени делови во него со тимот на СДСМ.

Исто така, Централното претседателство на ДУИ го овластило лидерот на партијата да има мандат во секој момент да донесе одлука  потписите на пратениците на ДУИ да ги депонира за  поддршка на Зоран Заев, потврдуваат високи партиски функционери за ТВ 24.

Од ДУИ не сакале да откријат детали, што значи овластувањето за лидерот и кога може да се очекува Ахмети да ја донесе конечната одлука, особено по најавата дека состанокот на ЦП продолжува во петок.