Претставник на Стејт Департмент бара од Хрватска да соработува на реализацијата на филм за логорот Јасеновац

Претставникот на американскиот Стејт Департмент, Томас Јазгерди, побара од хрватската министерка за култура да се сретне со српскиот режисер Предраг Антонијевиќ, кој работи на филм за усташкиот логор во Хрватска , Јасеновац, во кој за време на Втората светска војна се убиени 146.000 луѓе, Срби, Роми и Евреи. Официјално се иднтификувани со име и презиме 88.000 жртви, но историчарот Антун Милетиќ смета дека има докази за убиство на најмлку 146 илјади луѓе.

Јасеновац е болна точка на Хрватска и тие не сакаат да го признаат геноцидот, а уште помалку да соработуваат на филмови за логорот на смртта.

Американскиот претставник на СД, Томас Јазгерди, се запознал со режисерот Антонијевиќ во март и упатил писмо до хрватската министерка за култура, Нина Обуљен Корзинек, хрватската држава да помогне во реализацијата на филмот ,,Дара од Јасеновац“.

Во писмото објаснува дека на режисерот му се потребни историски документи неопходни од хрватската држава, бидејќи ќе се базира на историски факти.

Инаку, владата на Независна Држава Хрватска, која соработувала со фашистичкиот окупатор од 1941-45 година, Јасеновац го претставувала како работен логор.