,,Во Валандово, ,,Дока Текстил“, доброволно помага на институциите и граѓаните со производство на заштитни маски“ соопшти градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Прилепската фирма ,,Гифти Текс“, изработува бесплатни заштитни маски и опрема.

„ГИФТИ ТЕКС“, е во сопственост Горан Илијоски, управител Филип Миленкоски.
Компанијата е формирана 2014 година, се занимава со изработка на
постелнини, заштитници за јоги и перници и има дваесетина вработени, а производството е наменето за извоз.

Немаат претходно искуство со производство на маски, првиот ден
произвеле 500 парчиња, останатите денови по 1.000, а максималниот
капацитет е 2.000 – 3.000 произведени заштитни маски во еден ден.


Во соработка со компанијата „СТАН МК“ од Прилеп, располагаат со
материјал за производство на околу 100.000 заштитни маски, работат
заедно со уште две други прилепски фирми „ФЕШН ЛИНК“и „КУЛИ“, кои дел од своите капацитети ги пренамениле за производство на маски.

Апелираат до останатите фирми од градот и државата кои се занимааваат со оваа дејност, да се вклучат во производството, да покажат хуманост и општествена одговорност со цел да се произведат и донираат што поголем број на заштитни маски.

АКО.мк