Приведени се двете лица што прегазија полицаец на службена должност

Министрите Оливер Спасовски и Венко Филипче, како и директорот на БЈБ Сашо Тасевски, го посетија прегазениот полицаец на ,,Првомајска“ од двајца млади кои не сакале да застанат за брзо возење.

,,За жал и денеска заедно со министерот Венко Филипче и директорот на БЈБ Сашо Тасевски посетивме наш колега во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, кој ноќва, додека извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот на бул.„Борис Трајковски“, во близина на фабриката ОХИС, беше удрен и повреден со возило „цитроен берлинго“, управувано од А.Д.(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото. По насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.Се надеваме дека повредениот полициски службеник што поскоро ќе закрепне и ќе се врати повторно да им служи на граѓаните. Уште еднаш би сакал да нагласам дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат, а насилниците мора да одговараат!“-изјави министерот Спасовски.