Приведени 9 лица од потерница за издржување затворски казни

 Во текот на вчерашниот ден (24.09) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи приведоа девет лица што со потерница се барааа за издржување на затворска казна и тие се спроведени до казнено поправните институции. Приведени се И.Т. (37), Д.Б. (34), А.Љ. (43), Т.С. (60) , Г.Ш. (37), О.С. (24)  Љ.Г. (61), А.Н. (34) и Ф.Џ (32) за издржување на затворски казни во различно времетраење, до три години, соопшти МВР.