Приведено агресивно семејство поради закани кон докторка по смртта на нивен близок од Ковид 19

Во болницата ,,8 септември“ и околу неа вечерва се случи сериозен инцидент кога семејство на почината жена се закануваше и нападна докторка откако не им било дозволено да го преземат телото како што инсистирале, иако таа починала од последици на Ковид 19 за што има посебен протокол.

Двајца синови на починатата 60 годишна жена инсистирале да го земат телото, па откако не им било дозволено, почнале да се закануваат.

Приведени се заедно со уште неколку нивни роднини и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ова не е прв ваков инцидент, а медицинските лица постојано се изложени на навреди и закани.