Приведено лице поради напад на полициски службеник на гласачко место

На гласачко место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, машко лице го нарушило јавниот ред и мир со тоа што навредувало граѓани и физички нападнало полициски службеници. Лицето е приведено во ПС Аеродром и утврдено е дека се работи за К.Ж.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти МВР.