Приведен гласач заради фотографирање на гласачко ливче

И покрај сите укажувања и овој изборен процес се забележуваат истите аномалии како изминатите изборни процеси.

МВР соопшти дека утрово во Ѓорче Петров во Скопј е приведен З.Д. во полициската станица во општината заради фотографирање на гласачкото ливче со мобилен телефон.

Ова се случило на гласачко место 2.556 во средното училиште „Кочо Рацин”, а гласањето било прекинато од 8.25 до 8.35 часот.

И во Валандово, на гласачко место 0281 (Кино Валандово) било забележано лицето З.П. како со мобилен телефон го фотографира гласачкото ливче. Откако му било укажано за недозволеното фотографирање, тој избегал.

Полициски патроли активно го следат процесот на гласање и реагираат на секое кршење на гласачко право или негова злоупотреба.