Приведен е мачителот на животни кој се фалеше со монструозна снимка од борба на кучиња

 СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од с.Ерџелија, Свети Николе, поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”, казниво по член 233 од Кривичниот законик, во врска со што се појави и видео на социјалните мрежи.

За настанот веднаш е известен надлежен Јавен обвинител, согласно член 280 и член 282 од Закон за кривична постапка, по чија наредба е извршен увид, а М.Е. е приведен и со него е извршен разговор. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство, соопшти МВР.

Грозоморната снимка беше објавена, на ФБ , а реагираше Анима Мунди.

Ве предупредуваме дека снимката е вознемирувчка.

Име на психопат: Младен ЕфремовМесто на живеење : Село Ерџелија, Св. НиколеВидео извадено од неговата лична збирка…

Posted by Maggie Gjorgieva Djajkov on Friday, September 18, 2020