Сплитската полиција го приведе и четвртиот напаѓач на ватерполистите на Црвена Звезда за саботниот напад .

Според информациите од Сплит, станува збор за 22 годишен граѓанин на Солин кој по информативниот разговор ќе биде пренесен во истражен затвор. Притвор во траење од еден месец претходно им беше одреден на уште двајца напаѓачи на возраст од 25 години додека на еден напаѓач на 23 години кој е идентификуван е пуштен да се брани од слобода.