Вчера во Куманово е приведен Тони Трајковски, еден од осомничените за претепувањето на пратеникот Зијадин Села, кој, на видеото што беше денеска дитрибуирано, се гледа како го влечат со уште неколкумина. Трајковски е од ТМОРО-ВЕП на Ванчо Шехтански, а во коалиција со ВМРО ДПМНЕ во општина Куманово.

Информацијата ја објавија повеќе медиуми на албански јазик, повикувајќи се на извори од СВР Куманово.

МВР уште не ја потврдува информацијата.

(на насловната фотографија е Тони Трајковски,советник во општина Куманово од партијата ТМОРО-ВЕП која е во коалиција со ВМРО ДПМНЕ)