Привремено укината Уредбата за системска контрола на границите со ЕУ

Само еден ден по стапување во сила на Уредбата на Европскиот Парламент за системска контрола на границите во Шенген зона, заради огромните гужви и долготрајните чекања, таа е привремено укината.

Ова доцна синоќа го соопшти комесарот во ЕУ за миграции Димитрис Аврамопулос.Како што пренесуваат агенциите, Аврамополус одлуката ја донел откако бил запознат со проблемите кои влијаеле за нормален проток на сообраќај.

,,Договорено е привремено да се стопира спроведувањето на новите шенгенски правила на граничните премини кон Словенија и Унгарија, и да се активираат целни контроли само кон одредени патници од Европскиот економски простор и Швајцарската Конфедерација“-соопштија дирекциите на полициските служби од овие земји.

Инаку, Уредбата на ЕП за нови гранични контроли кои се однесуваат на детални проверки на сите патници, па и оние што се граѓани на земјите од ЕУ, стапи завчера и само по еден ден примена предизвика хаос на границите во Хрватска , Словенија и Унгарија.