Пригодни честитки и од власта и од опозицијата за Денот на независноста

,, На 8 септември 1991 година, Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои.

Оваа година го прославуваме овој наш голем празник, облечени во тие најубави бои. Во боите што сами ќе ги изберете и гордо ги носите, затоа што мозаикот е цел само ако секое камче посебно си го наоѓа своето место во тоа наше заедништво.

Затоа градиме едно општество за сите, затоа секој е важен. И затоа секој е одговорен тој наш мозаик, нашата Република Северна Македонија, да зрачи со силна светлина.

Нека ни е среќен Денот на независноста. Да живее Република Северна Македонија“  – се вели во честитката од Влада на РС Македонија.

Премиерот Зоран Заев, порача:

,,На 8 септември 1991 година, Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Дека радоста, среќата и убавината што ја преплавија тогаш нашата татковина треба да ги паметиме и да ги носиме со нас секогаш кога ќе се соочуваме со искушенија и опструкции на нашиот пат. Тоа се нашите бои, боите на независноста и на слободата. Така се слави Денот на независноста.

Нека е вечен Денот на независноста“.

Опозиционерот Христијан Мицкоски, честиташе: