Прилеп доби нов Ургентен центар и реновирано Акушерско одделение

,,Со новоизградениот Ургентен центар и реновираното Акушерско одделение, прилепската болница станува врвна и европска институција. Сите пациенти во овој регион добиваат навремена, модерна и соодветна здравствена заштита. Во една ваква светска ковид криза станува јасно колку е важно јавното здравство. Продолжуваме и во наредниот период да го зајакнуваме здравствениот систем преку вложување во човечкиот капитал, инфраструктура, опрема и лекови“-изјави министерот за здравство, Венко Филипче.