Принцот Чарлс позитивен на коронавирус

Британскиот принц Чарлс е заразен од коронавирус, соопштено е денеска од кралската резиденција.

Како што се наведува во соопштението, принцот од Велс има благи симптоми и се чувствува добро, а наредните денови ќе биде во самоизолација и ќе работи од дома, пренесува Скајњуз.

Принцот веќе е во самоизолација некоку денови бидејќи тој имаше бројни контакти изминатите недели.

Камила Паркер, војвотката од Корнвол, исто така е тестирана и е се наоѓа во самоизолација.