Прислушуваните материјали во сопственост на СЈО со новиот закон ќе бидат уништени

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со новиот Закој за Јавно обвинителство кој ќе биде доставен идната недела до пратениците и со кој треба дефинитивно да се уреди иднината на СЈО, рече дека прислушуваните разговори кои не се дел од актуелни судски процеси или истражни постапки, ќе бидат уништени.

,,Освен оние што се веќе во суд, за сите други е јасно утврдена процедурата, тоа го пропишува и кривичниот законик, а тоа значи дека ќе бидат уништени. Таква е судбината на сите материјали прибавени со ПИМ “ -рече премиерот.