Пристигна снежниот бран во Македонија

Поголем дел од територијата на нашата земја е зафатен од снежен бран. Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека снег паѓа на планините, на повисоките места, како и во Скопје и други градови низ државата.

На попова Шапка од ноќеска врне интензивен снег и веќе е формирана снежна покривка од десетина сантиметри, што е убав предзнак дека ски- терените ќе бидат покриени со доволно количество снег за претстојниот викенд. Температурата е пријатна и се движи околу нулата.

АМСМ издаде соопштение со следните предупредувања:

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планински премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, како и на планинските премини Стража, Кула и Маврово. На Попова Шапка врнежите од снег се со среден интензитет. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и Дебар. Прист

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според прогнозата, се очекува снег да паѓа во текот на целото деноноќие, со мали прекини. Во текот на наредната ноќ температаурата ќе се спушта до -13, а во сабота наутро и до -20 степени.