Пристигна 2017 година!

 

Новата 2017 година веќе пристигна за милиони луѓе во светот. Во 17.00 часот по наше локално време, жителите на  Пекинг, Хонгког, Манила и Сингапур со огномети ја пречекаа новата година. Величествен огномет , ако и секоја година имаше во Сиднеј.

И жителите на Нов Зеланд впловија во 2017 со величествен огномет. Светлечки факели беа исфрлени од 328 метри високиот Скај тауер во Оукленд.

Жителите на пацифичките држави Самоа и Карибати први во светот ја дочекаа Новата 2017 година..

Во Сиднеј на отворено повеќе од милион луѓе го гледаа огнометот посветен на Дејвид Боуви и Принс, кои починаа во 2016 година.

 

Низ цела Европа се зајакнати маерките на безбедност, а во повеќе европски главни градови поставени се бетонски барикади околу скверовите каде ќе има многу луѓе.

На Тајмс Сквер во Њујорк се очекуваат 2 милиони луѓе, кои ќе го набљудуваат традиционалното спуштање на кристалната топка.

АКО.мк актуелно-објективно