Притворен радикален исламист кој сакал да учествува во паравоените формации во Сирија

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од член 322-а ст.3 вв ст.9 од Кривичниот законик.

На почеток на месец ноември минатата година, осомничениот, со намера да учествува и да се обучува од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации во Сирија, ја напуштил територијата на нашата држава со автобус и заминал за Р.Турција. Во текот на патувањето остварувал контакти со македонски државјани, истакнати приврзаници на радикален ислам, кои се наоѓале во кризните подрачја на Сирија и кои му помогнале со контакти со лица од Р.Турција што ќе му овозможат префрлање во Сирија. При обид во воено забранетата зона илегално да ја премине границата на Р.Турција и да влезе на сиријска територија бил спречен и фатен од страна на турските власти. При легитимирање дал лажен идентитет на државјанин на Р. Италија.

По пат на меѓународна соработка со Р.Турција, осомничениот е екстрадиран во РСМакедонија и изведен пред судија на претходна постапка. Поради постоење на основите предвидени во член 165 ст.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка по предлог на надлежен обвинител на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.